Печено пиле е едно од омилените јадења во многу домови бидејќи ретко кој може да одолее на ова совршено задоволство од рерна.
Секоја домакинка има некој свој трик, но една мајка отишла чекор понапред и пилето го зачиинила со необичен зачин. Станува збор за супа од кесичка.
Најнапред, таа го ставила пилешкото и зеленчукот лесно да се готви на помала температура. Потребно ви е едно пиле од 1,5 килограми, малку масло и супа од кесичка.
Таа вели дека најдобар резултат ќе постигнете доколку имате апарат за споро готвење (печење). Но доколку немате, пилешкото и зеленчукот ставете го во рерна на 90-120 степени на неколку часа.
– Измрсете го апаратот за споро готвење, а потоа на дното ставете кромид, компири, морков и друг зеленчук по избор.
– Пилето истријте го со супата од кесичка и потоа ставете го во апаратот.
– Уклучете го апаратот и оставете го пилето со зеленчукот да се готват четири часа.