Француската полиција разоткри криминална група српски државјани, пишуваат француските медиуми и наведуваат дека се откриени засолништа, луксузни автомобили и пари.
Како што пишува Le Parisian, пронајден е и луксузен накит, часовници, 58.000 евра во кеш, две возила Порше, Бентли, 280.000 евра крипто-средства и лажни документи. Членови на таа криминална група биле вмешани, како што понатаму се тврди, во милионска измама.
Јадрото на таа група, која ја сочинуваат државјани на Србија, била во еден од најлуксузните делови на Париз, пренесува „Телеграф“.
Во апсењето и разоткривањето на кланот учествуваа неколку полициски оддели, а осомничените беа приведени во Париз и Бордо.
Le Parisien пишува дека кланот наводно извршил дела поврзани со измама на организирана банда.
По жалбата на еден од измамените во Дордоња, Одделот за истраги во Бордо започна да го истражува овој случај, а Јавното обвинителство го достави случајот до JIRS (Специјализирана меѓурегионална јурисдикција). Проценетата сума на измамата е повеќе од еден милион евра.