Актерот Метју Пери, најпознат по улогата на Чендлер во култната серија „Пријатели“, ретко кога се појавува во јавност, но кога ќе се појави, ги изненадува сите. Неодамна бил на вечера во еден италијански ресторан во Холивуд со мистериозна бринета. Британските медиуми потврдиле дека тој со месеци тајно се гледа со водителката Моли Хурвитц, а заедно го поминале и Божик.
– Со меседи се гледаат, се вртат во исти кругови. Таа е со потекло од Њујорк, таму поминуваат време заедно. Таа има чудна смисла за хумор, што нему му одговара. Веднаш се поклопија, а Моли не ја интересира славата. Одржуваат тајна врска, но работите стануваат посериозно – рекол извор близок на актерот.
Божик го поминале во неговиот стан заедно со пријатели и си разменувале подароци.
Кога последен пат бил виден, не вечерата во италијанскиот ресторан, неговиот изглед ги загрижил обожавателите. Метју бил неизбричен, разбушавен, во широка бела маица и со цигара во раката. Фановите на социјалните мрежи пишувале дека се плашат тој повторно да не потклекне и да се врати на старите навики – алкохол и дрога.
Актерот никогаш не криел дека се бори со депресија и зависност. Заедно со тоа, тој заболел од акутен панкреатитис, болест од која заболуваат тешки алкохоличари и наркомани.
Метју бил во три врски, со Јасмин Блет, 1995, Јулија Робертс од 1995 до 1996 година и потоа со Лизи Каплан од 2006 до 2012 година. По тој љубовен бродолон познатиот Чендлер останал сам и не се појауваше во јавноста.