Откриена педофилска мрежа, уапсени 19 мажи

од Nikola Popovski
237 прегледи

Австралиската полиција соопшти дека успеала да спаси тринаесет деца од канџите на развиена педофилска мрежа која ја открила и разбила со помош на американското Федерално истражно биро (ФБИ).

При тоа уапсени се 19 мажи.

Шефицата на австралиската федерална полиција, Хелен Шнајдер истакнала дека 13 деца биле спасени од мрежа која наводно користела шифрирање и други средства за споделување материјал за експлоатација на деца на темната мрежа.

„Степенот на мерките до кои одела мрежата за да не биде откриена покажува колку тие биле опасни“, рекла таа.

Меѓу уапсените, неколкумина се Австралијци кои работат во ИТ сектор, соопштила тамошната полиција.

Педофилската мрежа е откриена како дел од пошироката меѓународна истрага предводена од ФБИ, американската федерална полиција, при што веќе се обвинети 79 лица.

Осомничените се на возраст од 32 до 81 година, а лицата наводно самите го изработувале материјалот за сексуална злоупотреба на деца.

Како дел од таа долгорочна истрага, имаше големи наслови во 2021 година кога двајца агенти на ФБИ беа убиени, а тројца полицајци беа ранети при претрес на стан во Санрајс, Флорида, САД.

Слични содржини