Астрономи ја открија најголемата планета надвор од Сончевиот систем во орбитата на околу две ѕвезди и на таква оддалеченост од нив, што ја прави возможна за живот.
Откритието на оваа планета беше направено со помош на вселенскиот телескоп “Кеплер” и беше најавено на конференција на Американското астрономско друштво во Сан Диего, Калифорнија. Екзопланетата “Кеплер -1647b” е со големина на Јупитер и има најголема орбита, можна за овој тип планети кои кружат околу своите две ѕвезди за 1 107 дена – малку повеќе од три земни години.
Ова е 11-та ваква планета, откриена од 2005 година. “Кеплер -1647b” е на 4.4 милијарди години и се наоѓа во соѕвездието Лебед на растојание 3 700 светлосни години / 1 светлосна година е еднаква на приближно 9 460 милијарди км / оддалеченост од Земјата. Двете ѕвезди се слични на нашето сонце, а едната е малку поголема од другата. Научниците ги откриваат екстрасоларните планети, кога тие поминуваат пред нивните сонца, што доведува до слабо намалување на светлината. Оваа техника, наречена “астрономски транзит”, овозможува да се претпостави масата на планетата и растојанието од нејзината ѕвезда.