Откриена причината поради која Кевин Костнер се разведува по 18 години брак

од Stefanija Kuzmanovska
313 прегледи

Пред неколку дена светот беше шокиран од веста дека актерот Кевин Костнер се разведува по 18 години брак. Како што пренесуваат странските медиуми, актерот бил свесен дека нивниот брак е во криза, но вистинската причина била откриена неодамна.

Имено, неговата сопруга Кристина Баумгартнер веќе подолго време била незадоволна од односот на Кевин кон неговото семејство.

„Кристина сакаше тие да поминуваат повеќе време како семејство, во нивниот дом во Санта Барбара, за да бидат заедно. Кевин често беше отсутен од дома, поради снимање. Неговото отсуство ѝ беше многу тешко“, тврди изворот за магазинот „Пипл“.

Неговата посветеност на проектот, кој почна да го снима минатото лето, а во кој е главен актер, режисер и сценарист, подразбира неможност да се посвети на семејните обврски.

„Кевин долго време не беше дома поради снимањето, поради популарноста на серијата Yellowstone и бројните проекти со кои е ангажиран. Тој е многу баран. Сето тоа му го оддалечило фокусот од семејниот живот. Затоа Кристина пресече“, тврди изворот.

Да потсетиме, овој пар се венча во 2004 година и имаат три деца, синовите Хејс и Кајден и ќерката Грејс.

Слични содржини