Откриена причината за најголемата железничка несреќа во Индија во последните 40 години? Две работи довеле до невидена катастрофа

од Nikola Popovski
244 прегледи

Тешката железничка несреќа што се случи за време на викендот во Индија најверојатно е резултат на лоша сигнализација на пругата и човечка грешка, изјави министерот за железници на земјата Ашвини Ваишнав. Несреќата се случила во Одиша, кога патнички воз излетал од шините по судир со товарен воз, додека друг патнички воз кој доаѓал од спротивната насока удрил во расфрланите вагони. Официјалните податоци покажуваат дека загинале 275 лица, а од нив околу 1.200 се повредени.

Извештајот за најтешката железничка несреќа во Индија во овој век ќе биде објавен во наредните денови.

Во меѓувреме, бројот на загинати беше ревидиран на 275 откако некои тела беа избројани двапати, соопштија локалните власти.

Околу 1.200 повредени се префрлени во болници, а 793 лица веќе се отпуштени.

До несреќата дошло кога патнички воз излетал од шините по судар со товарен воз кој бил во мирување. Во тој момент од спротивната насока доаѓал друг патнички воз, па удрил во расфрланите вагони на шините.

Индија има една од најголемите железнички мрежи во светот со милиони патници кои секојдневно ја користат, но железничката инфраструктура треба да се подобри, нагласи министерот за железници.

Во саботата, премиерот Нарендра Моди го посети местото на несреќата и вети дека секој што ќе биде прогласен за виновен ќе биде „строго казнет“.

Точниот редослед на настаните беше предмет на контроверзии, а беа објавени бројни извештаи во кои се претставени различни информации.

Официјални лица велат дека неколку вагони на Коромандел Експрес, кој сообраќал меѓу Калкута и Ченаи, излетале од шините околу 19:00 часот по локално време, откако удриле во товарен воз кој не се движел. Останува нејасно како возот Коромандел експрес завршил на истата пруга како и товарниот воз.

Друг воз кој одел во спротивна насока од Јесванпур до Хаура, се судрил со вагони кои излетале од шините.

„Коромандел експрес требаше да сообраќа на главната линија, но наместо тоа беше даден сигнал за јамка и возот удри во товарен воз кој веќе беше паркиран таму“, се вели во соопштението на железницата.

Возовите во Индија може да бидат многу преполни во овој период од годината, со зголемен број на луѓе кои патуваат за време на училишните празници.

Најголемата железничка катастрофа во земјата се случи во 1981 година, кога пренатрупан патнички воз излета од шините во река за време на циклон во државата Бихар, при што загинаа околу 800 луѓе.

Слични содржини