Откриена причината за смртта на легендарниот Андре Брауер

од Stefanija Kuzmanovska
394 прегледи

Актерот Андре Брауер почина на 11 декември, на 61-годишна возраст, по повеќемесечна борба со ракот на белите дробови.

Сега неговиот претставник се огласи и потврди дека на Брауер му бил дијагностициран рак на белите дробови неколку месеци пред неговата смрт, пишува „Њујорк Тајмс“.

Инаку, Брауер ја играше улогата на детективот Френк Пемблтон во 100 епизоди од серијата „Убиство: Живот на улица“, во која се појавуваше од 1993 до 1998 година.

Во кариерата освои две Еми: во 2006 година за улогата на Ник Атвотер во „Крадец“ во категоријата главен актер во минисерија или филм и за неговата работа на „Убиство: Живот на улица“ во 1998 година во категорија главен актер во драмска серија.

Слични содржини