418
Лиса Мари Присли, единственото дете на легендата на рокенролот Елвис Присли, починала од опструкција на цревата, соопшти канцеларијата на судска медицина на округот Лос Анџелес.
Опструкцијата била резултат на адхезии предизвикани од операцијата за слабеење на која таа се подложила пред неколку години, објави Би-Би-Си.
Присли, исто така пејачка, почина откако итно беше пренесена во болница во Калифорнија на 12 јануари, на 54-годишна возраст.