Откриена причината за смртта на Реј Лиота: Актерот беше пронајден мртов пред речиси една година

од Nikola Popovski
627 прегледи

Познатиот актер Реј Лиота почина на 26 мај 2022 година на 68-годишна возраст.

Актерот, најпознат по улогата во култниот филм „Goodfellas“, ненадејно почина, а дури сега, речиси една година по неговата смрт, беше објавено што ја предизвикало неговата смрт.

Според „Entertainment Tonight“, актерот починал поради проблеми со срцето и респираторниот систем.

Од друга страна „ТМЗ“ објави дека причината за смртта на Лиота била откриена како акутна срцева слабост и белодробен едем.

Потсетуваме, Реј Лиота беше пронајден мртов во Доминиканската Република, а зад себе ги остави ќерката Карсен и вереницата Џејси Нитоло, која беше со него на островот кога тој почина.

Фото: Image Press Agency/NurPhoto/Shutterstock