Откриена причината зошто кралот Чарлс го става лекувањето во мирување

од Nikola Popovski
26 прегледи

За да може да лета до Австралија следната недела, и да направи официјална посета таму и се што ќе понесе со себе, кралот Чарлс III се консултирал со своите лекари.

Дури откако му дале „зелено светло“, Чарлс договорил патување во Австралија и поради сето тоа лекувањето за ракот ќе го стави на кратка пауза.

75-годишниот крал заминува на патување на 18 октомври, а за време на посетата на Австралија ќе го посети Сиднеј, Канбера, по што веднаш ќе следи државна посета на Самоа во јужниот дел на Пацификот каде што ќе присуствува на состанокот на шефови на влади на Комонвелтот.

Како што дознава „Дејли Мејл“, кралот ќе се лекува се до денот кога е закажан неговиот лет, а потоа се ќе биде ставено во мирување.

Циклусот на лекување ќе продолжи веднаш по враќањето во Обединетото Кралство. Не е познато каква форма на рак на Чарлс му бил дијагностициран. Единствено се знае дека му била дијагностицирана по операцијата на простата и дека од дијагнозата секоја недела ја прима потребната терапија.

Неговото 11-дневно патување, во кое „натрупал“ бројни активности и илјадници и илјадници километри, кажува дека лекувањето било успешно, бидејќи во спротивно не би можел да замине на толку долг пат.

Слични содржини