Откриена вистината за односот на Џони Деп и неговата адвокатка

од Nikola Popovski
273 прегледи

Врската меѓу актерот Џони Деп и неговата адвокатка Камил Васкез е предмет на дебата речиси од почетокот на судењето.

Тие двајца во неколку наврати беа фатени како се смешкаат и разменуваат нежни погледи, а Камил дополнително ги подгреа приказните со нејзината реакција на прашањето во врска со актерот.

Имено, кога пред зградата на судот во Ферфакс ја прашале дали е во врска со Џони, таа само се насмеала и продолжила да комуницира со насобраните фанови.

Сепак, набрзо пристигнаа тврдењата од извори блиски до Васкез дека таа е вљубена и во врска со еден Британец, и дека со Деп се зближила исклучиво поради случајот.

„Во врска со насмевките и допирите што некои луѓе ги забележаа меѓу Џони и Камил, ни беше кажано дека ѝ беше забавно… и таа не можеше а да не се насмее на некои од неговите форми или неговата смисла за хумор. Што е уште поважно, нашиот извор ни кажа дека Камил е среќно заљубена. Таа се забавува со еден Британец со кој е во сериозна врска неколку месеци“, навел американски „ТМЗ“.

Слични содржини