Зак Ефрон (36) викендов заврши во болница на Ибица, по „мал инцидент во базен“. Странските медиуми објавија дека двајца мажи го извлекле актерот од базенот, а неговиот претставник изјавил дека Ефрон завршил во болница само од претпазливост. Не го задржаа долго таму, а веќе следниот ден објави фотографија на која вежба со порака дека се е во ред со него и му се заблагодари за убавите желби.
Извори сега изјавиле за TMZ дека Ефрон завршил во болница откако отишол на нуркање. Тој наводно удрил во дното на базенот и белите дробови му се наполниле со вода. Други забележале дека нешто не е во ред со него и го извлекле и го однеле во болница.
Лекарите го прегледале и направиле тестови за да утврдат дека нема повеќе вода во белите дробови и го отпуштиле од болница. Веќе во неделата објави фотографија на која вежба, а таа вечер се почестил и со вечера. Тој, наводно, се вратил од својот одмор во САД во понеделникот.
Во саботата наутро неговиот претставник изјави дека станува збор само за помал инцидент и дека актерот добро закрепнува.