Откриени детали од тестаментот на Брус Вилис: Еве како актерот ќе го распредели богатството

од Stefanija Kuzmanovska
393 прегледи

Актерот Брус Вилис загрижи многумина кога неодамна беше објавено дека боледува од афазија, ретка болест на мозокот, а сега составил тестамент во кој навел како ќе го распредели своето богатство чија нето вредност изнесува 250 милиони долари, пишува „Радар онлајн“.

Според информациите, актерот одлучил секоја од неговите ќерки, кои ги добил од бракот со актерката Деми Мур, да добие по милион долари, бидејќи и нивната мајка има добри примања, па можат да се потпрат и на тоа.

Остатокот од богатството на актерот ќе биде поделен на децата што ги има со сегашната партнерка Ема, десетгодишната Мејбел и осумгодишната Евелин.

„Тој верува дека Румер, Скаут и Талула го добиле најдоброто од она што може да се понуди финансиски во текот на нивниот живот. Тестаментот на Брус беше всушност преработен пред неколку години, откако се ожени со Ема во 2009 година, беше променет кога се родија децата, а потоа повторно кога беше јасно дека здравјето на Брус е нарушено“, изјави добро информиран извор за весникот.

Слични содржини