Откриени два големи средновековни градови на планините на Узбекистан, патот на свилата бил многу поголем

од Milan1
3,2K прегледи

Археолозите пронашле остатоци од два изгубени средновековни града во тревните планини во источен Узбекистан, што би можело да ја промени перцепцијата за Патот на свилата, огромна мрежа на трговски патишта што се протегала од Кина до Медитеранот.

Долго време се веруваше дека Патот на свилата ги поврзува градовите во низините, но, користејќи технологија за далечинско набљудување, археолозите сега пронајдоа најмалку два града високо во планините кои се наоѓаа покрај клучните раскрсници на тие трговски патишта, јавува Би-Би-Си.

„Историјата на Централна Азија сега целосно се менува со ова откритие, бидејќи се веруваше дека трговските патишта, кои се протегаа низ Евроазија, ги избегнуваа планините во Централна Азија. Сепак, ова ново истражување покажа дека Патот на свилата бил многу поголем од што се мислеше“, рече директорот на Националниот центар за археологија на Узбекистан, Фарход Максудов, кој беше дел од истражувачкиот тим.

Истражувачкиот тим верува дека Тугунбулак и помалиот град Ташбулак биле динамични населби на Патот на свилата помеѓу 8-ми и 11-ти век, кога областа била контролирана од моќна турска династија.

Во 2011 година, Фарход Максудов и археологот Мајкл Фракети од Универзитетот Вашингтон во Сент Луис првпат го открија малиот град Ташбулак користејќи дронови. Историските записи алудираат на градовите во регионот, но тимот не очекуваше да најде средновековен град од 12 хектари на околу 2.200 метри надморска височина.

„Бевме воодушевени, дури и одењето таму беше тешко, бидејќи наидовме на силни ветрови, бури и логистички предизвици“, рече Фрачети.

Интересно е што денес многу малку луѓе живеат на толку високи надморски височини само три проценти од светската популација денес живее на територии лоцирани високо на планините, меѓу кои се градовите Ласа на Тибет и Куско во Перу.

Четири години подоцна, локалниот администратор на шумарството му предложи на овој тим да проучи друга локација во близина на Ташбулак.

„Тој ни кажа дека има остатоци од истата керамика. Затоа отидовме во неговата куќа и откривме дека таа била изградена на врвот на средновековно утврдување. На некој начин живеел на врвот на огромен антички град“, рече Фрачети.

„Кога ќе им кажевме на луѓето дека сме ги откриле овие неверојатни локалитети, тие ќе наидеа на скептицизам. Тие се сомневаа дека не се толку големи како што велиме, беше вистински предизвик“, објасни Фрачети.

Истражувачите сугерираат дека заедниците можеби одлучиле да се населат во Тугунбулак и Ташбулак за да ги искористат предностите на силните ветрови за да подметнат пожари во печките за топење на железна руда, со кои регионот бил богат. Прелиминарните ископувања открија и производствени печки.

„Кој имал железо во рацете во средниот век бил многу моќен“, потсети Максудов. Сепак, можно е самиот извор на нивната сила да доведе до нивен пад. Областа некогаш била покриена со густа шума од смреки кои биле исечени за да се полнат печките и да се обезбеди ковање на железо. Поради тоа, областа станала нестабилна, особено при нагли порои и лавини“, додава Максудов.

Научната заедница сега се согласува дека новите откритија на Патот на свилата се извонредно достигнување, особено затоа што никој не очекуваше градови попатни станици толку високо во планините.

Слични содржини