Откриени хонорарите на актерките за продолжението на „Сексот и градот“

од Stefanija Kuzmanovska
400 прегледи

Веќе е потврдено дека Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис ќе снимаат нови епизоди од култната серија „Сексот и градот“, но без Ким Катрал, а сега протекоа информации за нивните хонорари.

Римејкот на HBO Max ќе се вика “And Just Like That…” и ќе има 10 епизоди, а за секоја епизода актерките ќе добијат хонорар од еден милион долари, тврди Variety.

Серијата ќе го следи пријателството на Кери, Миранда и Шарлот и нивниот љубовен живот во нивните 50-тите години.

Секоја епизода ќе трае 30 минути и снимањето, според сегашниот план, треба да започне на крајот на пролетта.

Сара објави видео на Инстаграм како најава за серијата.

Слични содржини