Ѕвездата на „Пријатели“, Метју Пери, почина на 54-годишна возраст откако се удавил во своето џакузи дома. На местото на настанот пристигнала екипа на Итна помош, по што во 16 часот и 7 минути констатирала смрт.
Според „Дејли Мејл“, сега се појавиле нови информации во кои се наведува дека Метју Пери наводно играл два часа Пиклбол претходно во текот на денот, пред да го испрати својот асистент да заврши некоја обврска.
Кога асистентот се вратил, Пери бил во неговото џакузи, но не реагирал. Лекарите се обиделе да го спасат, но напорите да го оживеат биле неуспешни и тој бил прогласен за мртов на местото, но не бил пренесен во болница.
Невообичаено е што екипата за пружање прва помош била повикана поради наводен проблем со водата, а кога пристигнале откриле дека актерот е мртов и дека најверојатно се удавил. Извор од органите за спроведување на законот изјавил за NBC News и CNN дека тие првично мислеле дека домот има големи проблеми со водоинсталацијата.
Службениците од единицата за грабежи и убиства на полициската управа во Лос Анџелес, исто така, биле испратени во домот во Пацифик Палисадес, но извор навел дека на местото на настанот не била пронајдена дрога.