Откриени плановите на Бред Пит за Денот на благодарноста: Семејството доаѓа, но не и неговите деца

од Vladimir Zorba
47 прегледи

Бред Пит и Инес де Рамон планираат интимно да го прослават овој Ден на благодарноста. Како што открил добро информиран извор за магазинот People, Бред и Инес ќе ги соберат своите семејства за да бидат заедно на овој празник.

„И двајцата сакаат да готват, а овој пат ќе готват заедно за сите“, открил изворот.

Плановите на Бред Пит и неговата сакана Инес беа откриени две недели откако парот беше фотографиран пред домот на Леонардо ди Каприо, каде што пристигнаа да го прослават 50-тиот роденден на најпознатиот холивудски ерген.

„Бред ја помина цела ноќ на предната тераса. Беше одлично расположен и друштвен. Тој и Инес пристигнаа заедно, но се дружеа одделно“, изјави еден од учесниците на забавата.

„Не е непознато дека врската на оваа двојка напредува многу добро, и дека тие се најголемата поддршка еден на друг. Неверојатно е колку се среќни заедно“, вели упатен извор за парот, кој живее заедно од февруари оваа година.

Инаку, се шпекулира дека целото семејство на Бред сепак нема да биде на вечерата за Денот на благодарноста. Не се очекува доаѓањето на неговите шест деца, кои ги имаше со Анџелина Џоли, особено не откако речиси сите јавно се откажаа од неговото презиме.

Последна што го направи тоа беше Шајло, која официјално се откажа од презимето истиот ден кога летово стана полнолетна.

Слични содржини