Се ближи премиерата на специјалот „Harry Potter 20th Anniversary: Return to Hogwarts“, која ја оживеа приказната на социјалните мрежи за тоа колку заработиле актерите во одредени делови од познатиот серијал за Хари Потер, снимен пред повеќе од една деценија.
Најголем интерес предизвика актерското трио Даниел Редклиф, Ема Вотсон и Руперт Гринт, а според порталот Justjared, откриено е колку земале, а бројките се огромни.
Руперт Гринт заработи 4 милиони долари за улогата во петтиот филм од серијата „Harry Potter and the Order of the Phoenix“, исто колку и неговата колешка Ема Вотсон, додека Даниел Редклиф земал 14 милиони долари.
Гринт и Вотсон заработија по 15 милиони долари за секој дел, од вкупно два, седмата авантура на младиот волшебник, додека Редклиф беше платен повеќе, заработувајќи 20 милиони долари за улогата во „Harry Potter and the Deathly Hallows“.
Од друга страна, неговата плата за првата филмска адаптација на романот на Џоан Кетлин Роулинг, „Harry Potter and the Sorcerer’s Stone“ изнесуваше еден милион долари.