212
Полскиот оператор PERN денеска соопшти дека открил истекување на едниот крак од нафтоводот Дружба кој транспортира нафта од Русија во Европа.
Како што е наведено, истекувањето било откриено во вторникот вечерта, во дел од цевката на околу 70 километри од полскиот град Плоцк.
Причините за истекувањето засега се непознати.
Нафтоводот Дружба е еден од најголемите во светот и го снабдува најголемиот дел од централна Европа со руска нафта, вклучувајќи ги Германија, Полска, Белорусија, Унгарија, Словачка, Чешка и Австрија.
Втората линија на нафтоводот и другите елементи од инфраструктурата работат нормално, соопшти PERN, пренесе „Ројтерс“.