Откриено како се чувствува папата Фрањо по операцијата

од Stefanija Kuzmanovska
255 прегледи

Папата Франциск е добро по операцијата на дебелото црево, соопшти Ватикан во неделата, откако 84-годишниот папа беше хоспитализиран за првпат откако беше избран во 2013 година.

Портпаролот Матео Бруни во изјавата рече дека папата „добро реагирал“ на операцијата, извршена под општа анестезија и за која Ватикан претходно изјави дека е закажана и не е предизвикана од итен случај.

Бруни не даде дополнителни детали за операцијата, ниту за тоа колку траела, ниту рече колку долго папата ќе престојува во Римската болница Гемели.

Папата пристигна во болницата во неделата попладне, а соопштението на Ватикан беше издадено нешто пред полноќ по римско време.

Папата Франциск беше опериран од симптоматска дивертикуларна стеноза на дебелото црево. Операцијата ја изврши медицински тим од 10 лица.

Слични содржини