Трактор за неговиот најдобар другар меѓу претседателите. Ова е подарокот што белорускиот претседател Александар Лукашенко му го дал на својот руски колега Владимир Путин, по повод неговиот 70-ти роденден.
Сертификатот за тракторот Лукашенко му го врачил на Путин во Санкт Петербург на состанокот на лидерите на неколку поранешни советски републики.
Како што пишува АП, тракторите се гордост на белоруската индустрија уште од советско време.
Лукашенко им кажа на новинарите дека користел и модел на трактор сличен на оној што му го дал на Путин во својата градина.
Во својот телевизиски говор на почетокот на средбата, Путин не го спомнал подарокот.
Путин зборувал за потребата да се разговара за начините за решавање на конфликтите меѓу поранешните советски републики и ја истакна потребата од размена на информации во борбата против тероризмот, трговијата со дрога и други форми на криминал.