Откриено когo Меган и Хари обвинија за расизам

од Vladimir Zorba
438 прегледи

Обвинувањата за расизам во кралското семејство, направени во експлозивно интервју на принцот Хари и Меган Маркл, кренаа прашина низ целиот свет, а бидејќи двајцата одбија да го именуваат лицето кое го покрена прашањето за бојата на кожата на нивниот син Арчи, долго се шпекулираше за кого се работи.

Контроверзната британска авторка Лејди Колин Кембел тврди дека станува збор за принцезата Ана, ќерката на кралицата, но таа инсистираше на тоа дека коментарот на Ана не бил разбран и дека станува збор за загриженост за тоа како Меган ќе се вклопи во кралското семејство.

– Поради споменувањето на културата, Хари сфати дека станува збор за бојата на кожата. Ана изрази загриженост за последиците од дозволувањето на некој таков да се приклучи на кралското семејство, па затоа рече дека тоа не само што ќе им создаде проблеми на семејството, туку и на децата што ќе произлезат од таа врска. Хари веднаш побрза да и го соопшти ова на Меган, која го поврза со бојата на кожата. Ова е личност која едвај чека да најде проблем каде што нема – тврди Кембел.

Кралското семејство, како и Меган и Хари, сè уште не ги коментираа овие тврдења.

За потсетување, Меган во едно интервју изјави дека не сакале да му ја дадат титулата принц на Арчи поради загриженост за бојата на кожата.

Слични содржини