Откриено кој всушност го организирал снимањето на голите девојки во Дубаи

од Stefanija Kuzmanovska

Откриено е кој е човекот кој стои зад скандалозната фотосесија на балкон во Дубаи во која учествуваа потполно голи девојки.

Иако претходно беше наведено дека станува збор за Русинот Алексеј Концов, се чини дека сепак станува збор за украинскиот плејбој Виталиј Гречин, кој инаку е многу слаб на голи жени, и кој, своевремено, се сликаше со поранешниот американски претседател Барак Обама.

На истата локација во Дубаи е направена фотографија на која Гречин (41) свири на пијано опкружен со целосно голи девојки.

Според достапните информации, овој самопрогласен американски политички стратег е по потекло од Киев, но поголемиот дел од животот го поминал во Америка.

Во едно интервју, тој откри дека имал лична врска со поранешниот американски претседател Барак Обама, па дури и помогнал да се финансира изборната кампања на тој демократски политичар. На својата страница на Фејсбук, покрај мноштво фотографии со голи девојки, тој објави и фотографии на кои јаде шпагети со Џорџ Клуни и позира со Хилари Клинтон.

Поради организирање гола фотосесија во Дубаи, сега му се заканува протерување од Обединетите Арапски Емирати за кршење на законите за забрана на непристојност и порнографија. Девојките кои учествуваа на снимањето се претежно од источноевропски земји, претежно од Украина.

Слични содржини