На прославата на платинестиот јубилеј на кралицата, принцот Хари и Меган Маркл привлекоа големо внимание со нивното шепотење на мисата во катедралата Свети Павле.
Со оглед на сите тензии кои се случуваа во кралските одаи во последните неколку години, многубројната јавност ја интересираше што шепотат Меган и Хари во катедралата.
Експертите кои ја анализираат невербалната комуникација и кои знаат да читаат од усните откриле дека нивното појавување на самиот настан предизвикало голем стрес кај Хари, а Меган всушност се обидела да го смири. Ова позитивно изненади многумина, имајќи предвид дека многумина сметаат дека Меган Маркл е виновникот што Хари го напушти семејството.
„Да, се ќе биде во ред“, наводно му рекла Меган на Хари, судејќи според читателите на усните, кои биле ангажирани од некои британски медиуми, меѓу кои и „Сан“.
Хари седел со својата избраничка во катедралата на голема оддалеченост од Вилијам и Кејт Мидлтон, со кои воопшто не разговарале, исто како со принцот Чарлс и Камил Паркер Боулс.
„Палатата беше одлучна дека Хари и Вилијам нема да се фотографираат заедно за да не се открие непријателството меѓу браќата и нема да се појавуваат заедно. Хари тешко го издржа она што мора да биде во сенката на неговиот брат“, изјавила Ингрид Суард, кралска авторка.