Откриено што подготвува ЕУ во врска со ковид пасошите: Три категории

од Stefanija Kuzmanovska
367 прегледи

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по разговорите во Брисел изјави дека ковид сертификатот, која е на дневен ред на Европската комисија, ќе опфати три категории.

„Три категории сертификати – оние кои се вакцинирале, оние кои имаат негативен тест и оние кои прележале ковид“, објаснува Пленковиќ во интервју за „Политико“.

Според него, сертификатот што Европската комисија ќе го претстави на следниот самит овој месец, треба да го олесни патувањето и да ги укине мерките и ограничувањата утврдени во одредени земји.

„Важно е дека одиме напред. Целокупната идеја за консултации на европско ниво е да имаме некаква рамка што ќе ја земе предвид еднаквоста на нашите граѓани и можноста за движење“, рече премиерот.

Европската унија е се поблизу до одлуката за воведување на сертификат за вакцинација како услов за движење во рамките на земјите-членки.

Слични содржини