Ново истражување покажа дека најверојатно во седиментите длабоко под ледената површина на Антарктикот има микробиолошки заедници, пишува УПИ.

Високотехнолошко воздушно електромагнетно мапирање со сензорски систем SkyTem откри огромна мрежа од незамрзната солена подземна вода, во која може да има непознати микробиолошки видови во најстуденото подрачје – долините Рајт и Макмрдо.
Водоводниот систем се состои од големи езера, како солена вода која продира во замрзнатиот прст под антарктичките глечери.
Научниците мислат дека откритието им обезбедува нов изглед на древните климатски промени на Земјата. Тоа е исто така дава нови надежи во слични солени базени на Марс да има живот.
Сензорскиот систем за истражување е развиена од страна на тим на Универзитетот на Архус. Во експедицијата учествувале исто научници од универзитетите на Тенеси, Илиноис, Луизијана, Висконсин и Сорбона