Тоа сепак повторноим била вратена на ирачките власти. Високиот судски совет на земјата, потврди дека планира да го испрати ковчегот на поранешниот министер за надворешни работи во Јордан, за да биде погребано таму, соопшти телевизискиот канал “Ал Сумарија”.Речиси се се случи како во детективска приказна со политички нијанси пред неколку часа на меѓународниот аеродром на ирачката престолнина, каде што беше ковчегот со починатиот во затвор Тарик Азис.
На аеродромот беше неговата вдовица Виолет, која требаше да е придружба на телото со лет до Аман на јорданската кралска ерлајнс (Royal Jordanian Airlines). За погребот во Јордан инсистираше синот на Ази- Зијад кој стравуваше, за гробот на неговиот татко во Багдад може да биде осквернет од шиити, кои го мразеа поранешниот министер.Во последните години семејството на Тарик Азиз живееше во Аман, каде добија азил. Според очевидци телото било однесено од аеродромот со автомобил, сопственост на Министерството за внатрешни работи на Ирак. Се тврди дека неколку вооружени мажи пристигнале со четири автомобили и упаднале во просторијата каде бил ковчегот и го однеселе во непознат правец. Никој од вработените на аеродромот, полицијата или специјалните служби за безбедност не се обидел да ги запрат. Авионот одлетал за Аман без телото. Локалните новинари заабележале дека хеликоптери лебдат над јужните и западните населби на Багдад, каде се упоришта на шиитските милиции. Тарик Азиз почина пред една недела на 79 години од акутна срцева слабост.
Азиз беше министер за информации (1974-1977), за надворешни работи (1983-1991) и вицепремиер (1979 и 2003). Тој беше еден од најблиските соработници на Садам Хусеин и единствениот христијанин во Владата . Во 2010 година тој беше осуден на смрт за учество во убиствата на муслиманите шиити. Но, претседателот Џалал Талабани така и не потпиша пресудата, со што фактички го помилува. Година подоцна, по дела поврзани со други злосторства против шиити извршени за време на владеењето на Садам Хусеин, ирачкиот Врховен суд го осуди Азиз на доживотен затвор.
