Името што Индија го избра за својата воена операција против Пакистан е обележано со религиозен симболизам, но има и симболично значење поврзано со терористичкиот напад во Пахалгам.
Одговорот на Индија на терористичкиот напад во Пахалгам вклучуваше целни напади на девет локации низ Пакистан и Кашмир. Тие ја нарекоа акцијата „Операција Синдор“.
Изворите велат дека името „Операција Синдор“ се однесува на цинабар, црвен прав што многу хинду жени го носат на челото по бракот. За време на терористичкиот напад во Пахалгам, неколку од нив ги загубија своите сопрузи, а беа убиени пред нивни очи, пишуваат индиските медиуми.
Во деновите по нападот, сцените на жени кои лежат покрај безживотните тела на своите сопрузи станаа вирални и симболи на болката и тагата на жртвите.
Изворите додадоа дека името „Операција Синдор“ служи за хуманизирање на убиените и преживеаните жртви од масакрот во Пахалгам, осигурувајќи дека тие ќе бидат запаметени.
Индиските министри за одбрана и надворешни работи објавија на „X“ слика со името на операцијата, на која се гледа и контејнер со црвен прав.
„Светот мора да покаже нулта толеранција кон тероризмот“, напиша индискиот министер за надворешни работи С. Џаишанкар на X.