Откриено зошто се нишал облакодерот во Кина: Се работи за комбинација од неколку фактори

од Vladimir Zorba
576 прегледи

Облакодер висок триста метри во Шенжен, Кина, кој се нишаше во вторникот, е безбеден за живот, тврдат властите во Гуангдонг.

Облакодерот, кој одеднаш се заниша во вторникот, поради кој беа евакуирани илјадници луѓе, не претставува опасност по животот, покажа прелиминарната истрага. Според нивните извештаи, зградата стара 21 година се нишала најверојатно поради ветер, железнички вибрации и топло време.

Сеизмолозите не регистрираа никаков земјотрес во областа, што евентуално може да биде причина за земјотресот, а инженерите не нашле никакви грешки при изградбата на зградата.

Кинеските медиуми објавија дека прелиминарната истрага, чии откритија ги потврди одделот за итни случаи во провинцијата Гуангдонг, утврдила дека нишањето е вертикално, а не хоризонтално. Тие веруваат дека ова е предизвикано од комбинација на силен ветер, две железнички линии и растегнување на челикот поради големо загревање. Исто така, зградата немала уред што служи за спречување на прекумерна осцилација.

Зградата беше евакуирана, но некои компании се вратија во своите деловни простории. Во средата попладне, два одделни извори објавија дека почувствувале како зградата повторно се ниша. Компанијата што управува со облакодерот веднаш ги негираше овие обвинувања.

Облакодерот, именуван по производителот на електроника Shenzhen Electronics Group, чии канцеларии се наоѓаат во овој комплекс, е 18-тиот најголем облакодер во Шенжен.

Поради брзата урбанизација и пониските стандарди за време на изградбата, уривањето на зградите во Кина не е невообичаено. Иако истражителите издадоа соопштение во кое се тврди дека зградата е безбедна, властите сè уште не дозволуваат луѓето да се вратат во облакодерот.

Слични содржини