Одамна е мистерија зошто на жените им се допаѓаат толку многу тажни филмови, но сега научниците од Кардиф открија дека тажните емоции им помагаат во љубовните врски на понежните половини.
Истражувачки тим од Универзитетот во Кардоф потврдил дека споделувањето на тажни емоции со пријателите е добро за врската. Во исто време гледањето на драматични филмови со другарките е пријатно кога е споделено.
Во истражувањето учествувале 30 парови пријателки на возраст меѓу 20 и 33 година, на кои им биле прикажани емотивно силни филмови. учесничките биле замолени да ги оценат како “многу негативни” или “позитивни”. Научниците поставиле скенер на главите на секој пар, за да ги следи реакциите на доброволките кои требало да ги гледаат сцените сами и заедно со пријател.
Резултатите покажуваат дека гледањето на тажни сцени со пријател ги тера жените да се чувствуваат попозитивно, пишува “Сандеј Тајмс”.