XJ1417 + 52 беше снимена од два вселенски рендгенски опсерватории.

Повеќето црни дупки, без разлика дали се супермасивни или со попатна маса, се откриени во центарот на галаксии. Но има и скитници црни дупки, објавија медиумите. Една од нив е XJ1417 + 52.
Во последните 15 години астрономите користеа две вселенски рендгенски опсерватории – “XMM-Њутн” на Европската вселенска агенција и “Чандра” на НАСА, за да ја снимаaт.
Сликите потврдија дека мистериозниот извор на рентгенски зраци, кој се наоѓа во регион меѓу соѕвездијата Голема Мечка и Воловар, е најсветлата талкачка црна дупка. XJ1417 + 52 е 10 пати посветла од претходниот рекордер. Астрономи ја опишаа како голем извор на Х-зраци.
Х-емисиите од неа, сепак, не се толку светли колку што би требало да бидат. Тие го достигнале својот врв помеѓу 2000 година и 2002 година
Црните дупки емитуваат рентгенски зраци, додека ги зголемуваат димензиите и го проголтуваат околниот гас и прашина. Се смета дека XJ1417 + 52 стана особено силна во раните фази од животот, кога ѕвездат поминува премногу блиску, била вовлечена во акрециониот нејзин диск, кој се распаѓа.
Научниците се на мислење дека талкачките црни дупки се формирани како резултат на спојување на галаксии.
Кога ќе се спојат две галаксии, резултатот барем на краток рок е променета и во голем број случаи асиметрична галактична структура со една или неколку црни дупки. XJ1417 + 52 е отворена во периферијата на галаксијата GJ1417 + 52, но научниците претпоставуваат дека црната дупка некогаш припаѓала на помала галаксија. Откако се удрила со GJ1417 + 52, помалата галаксија е лишена од ѕвездите, но црната дупка останува недопрена.
Резултатите од истражувањето се објавени во Astrophysical Journal.