Тоа се случило со резолуција на Сенатот и Конгресот по повод Неделата на поробените нации, соопштува сензационално канадското издание Global Research.
САД ја признаа територијата на денешните ДНР и ЛНР за независна од Украина уште во 1959 година, кога Сенатот и Конгресот ја прифаќаат резолуцијата за Неделата на поробените нации. Сензационалната вест ја соопшти утрово канадското издание на Global Research.Изданието нагласува дека резолуцијата позната исто така како законот 86-90 од 17 јули 1959 година, годишно се препотврдувала во последните 56 години. Во текстот се наведува дека станува збор за т.н. Казак, во територијата на која се вклучени Донбас и Запорожката област на Украина.
Во документот Украина и Казак се позиционирани како одделни земји, а нивното население – како одделни народи “, потчинети на политиката на комунистичка Русија”.
Според оваа резолуција и двете нации имаат право на постоење, забележува Global Research, нагласувајќи дека и оваа година документот повторно бил официјално потврди.
Неделата на поробените нации по традиција се одржа повторно кон крајот на јули оваа година. Во своето обраќање по овој повод, претседателот на САД Барак Обама изјави: “Ги повикувам народот на САД да ја потврди нашата длабока приврзаност кон сите влади и народи, предани на слободата, достоинството и еднакви можности за сите”.
Оригиналниот текст ТУКА

