Рокот за откуп на тутунот, ќе биде продолжен до 31. март, информираше Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа.
Но, сепак Владата ќе почека да заврши откупот, а потоа да ги додели средствата предвидени со петтиот пакет економски мерки за тутунопроизводителите.
Со овие мерки се предвидени 5 милиони евра финансиска помош со кои ќе се надоместат штетите од Ковид пандемијата, но и ќе се покачите актуелната откупна цена од 165 на 180 денари.
До крајот на неделава се очекува да се откупи тутунот кој е според договорите по што треба да почне преземањето на вишокот тутун кој според тутунарите е вештачки создаден бидејки годинава ќе има околу 25 милиони килограми на тутун колку што има приближно во секоја од изминативе години.
„Се увезува тутун без никаква контрола и стратегија, 5000 илјади тони домашен тутун ќе остане неоткупен и ќе скапува по визбите, а македонските тутунари остануваат и ќе останат со празни раце, ниту тутун, ниту пари“, реагираше Петар Ристески, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.