Руски агент кој бил одговорен за следње на опозицискиот лидер Алексеј Навални откри како Навални бил затруен во август оваа година.
Константин Кудријавцев соопшти дека отровот „Новичок“ бил ставен во долниот веш на Навални, пишува Си-Ен-Ен.
До откритието се дошло кога Кудријавцев, кој е агент на елитниот тим на Федералната служба за безбедност (ФСБ), во телефонскиот разговор раскажал сè во врска со човек за кој мислел дека е член на рускиот Совет за национална безбедност.
Сепак, тој всушност разговарал со самиот Навални, кој се претстави како член на Рускиот совет за национална безбедност.
Минатата недела рускиот претседател Владимир Путин во суштина потврди дека ФСБ го следела Навални, но додаде дека во случај тие да сакале да го убијат, тоа ќе го стореле многу одамна.
Имено, таен тим кој работи за руската шпионска агенција ФСБ (Федерална служба за безбедност) се обидел да го отруе опозицискиот активист Алексеј Навални во август, откако претходно го следеле на неговите патувања додека го подготвувале теренот, тврди истражната веб-агенција „Белингат“.
Цитирајќи „обемни“ телекомуникациски информации, како и податоци од патувања, Белингат објави дека овој шпионски одред го следел Навални од 2017 година. Операцијата очигледно започнала откако Навални објавил дека ќе му се спротивстави на Владимир Путин на претседателските избори.
Ich weiß nicht, was das Jahr 2020 noch an News bereithält auf den letzten Metern, aber dies hier ist schwer zu toppen: Nawalny spricht knappe Stunde mit einem FSB-Offizier aus dem Team, das ihm auf Reisen folgte, und zieht ihm ein Geständnis aus der Nase. https://t.co/xbK6681PyR
— Christian Esch (@Moskwitsch) December 21, 2020
Набљудувачкиот тим на ФСБ го следел на повеќе од 30 дестинации, тврдат од „Белингат“.
„Можеби тие први се обидоа да го отрујат во јули оваа година, кога Навални отпатува за Калининград на романтично патување со неговата сопруга Јулија. За време на патувањето, на Јулија одеднаш ѝ се слошило. Отишла во кафуле на плажа, а потоа со тешкотии успеала да стигне до хотелот“, пишуваат од агенцијата.
Прямо сейчас Любовь Соболь @SobolLubov находится у квартиры убийцы из ФСБ Кудрявцева. Его адрес: ул. Суздальская, дом 38, корпус 2, квартира 38. Он вызвал полицию, которая выгоняет всех из его подъезда.
— Alexey Navalny (@navalny) December 21, 2020