Отровна змија касна турист во Охрид: Во болницата немало противотров

од Илинка Илиоска
5,5K прегледи

Турист од Холандија бил каснат од отровна змија во Охрид, но поради недостиг на серум во охридската болница, бил транспортиран со санитетско возило до болницата во Дебар, каде му бил спасен животот.

Директорот на дебарската болница, Јетлумт Пашоли, изјави дека често спасуваат животи на луѓе каснати од змија, вклучувајќи и жители од Албанија, бидејќи болницата во Пешкопеја им е подалеку.

Во последните неколку дена, двајца странски државјани добиле серум против змиски отров во дебарската болница, со што нивните животи биле спасени.

– Во еден случај, лицето било од соседни албански населени места, каде што немало серум, а нашата болница е поблиску од регионалната во Пешкопеја, така што помошта се дава побрзо и навреме. Доколку серумот не се прими во период од 3 до 4 часа, настапува смрт – изјави Пашоли.

Вториот случај бил вчера и се однесува на холандски државјанин на одмор во Охрид.

– Колегите од охридската болница, кои немале серум, ни се јавија и веднаш реагиравме. Времето беше критично, па со санитетско возило пациентот беше донесен кај нас, прими антивиперин и повторно беше вратен во Охрид – додава Пашоли.

Слични содржини