За кинескиот пазар, „Ворнер брадерс“ одлучија да го цензурираат дијалогот од новото продолжение на „Фантастични ѕверови“, кој се однесува на геј врската помеѓу Дамблдор (Џад Лоу) и Гринделвалд (Мадс Микелсен), а се работи за шест секунди од филмот.
„Како студио, ние сме посветени на зачувување на интегритетот на секој филм што го објавуваме, а тоа ги вклучува и околностите кои бараат намалувања со цел внимателно да одговориме на низа фактори на пазарот. Сакаме публиката ширум светот да го гледа и да ужива во овој филм и важно е кинеската публика да ја добие таа можност, дури и со овие мали промени кои не го менуваат духот на филмот“, се вели во соопштението на „Ворнер“.
Испуштените зборови се „затоа што сум заљубен во тебе“ и „летото кога јас и Гелерт се заљубивме“.