Отверена е истрага за заканите кои ги добивал Вајц

од Milan1
168 прегледи

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, европратеникот Томас Вајц, во разговор за ТВ „24“ изјави дека е отворена истрага поради заканите по животот кои ги добил по предлагањето на извештајот за земјава во ЕП.

Вајц минатата недела рече дека добивал закани дури и откако беше изгласан извештајот, кој ги налути екстремните националистички кругови во Бугарија и нивните политички артикулации во Стразбур. Вајц денеска изјави дека дел од европратениците се каат што дозволиле дебата за нечиј идентитет.

Европратениот вели дека не е сигурен оти исфрлањето на формулацијата „македонски“ е мудра одлука. Тој им порача на критичарите дека планира уште подетално да се занимава со напредокот на земјава кон ЕУ.

Слични содржини