178
Новоформираното боксерско натпреварување наречено „Отворен балкански куп“, по премиерниот натпревар одржан во Смедерево, продолжува со натпреварите од второто коло во Куманово на 7 октомври.
Како што се наведува во соопштението, турнирот ќе собере голем број клубови со една заедничка цел, а тоа е соработка, развој и унапредување на боксот на Балканот.
Конкурентност кон светот, проширување на пријателството, зајакнување на регионот и просперитет се примарните цели поставени во рамките на овој боксерски натпревар, кој воедно е и прв спортски проект во иницијативата „Отворен Балкан“ што ја започна и формираше претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и неговите колеги, лидерите на Северна Македонија и Албанија.