334
Во реонскиот парк во Општина Ѓорче Петров се отвори нов парк за миленици со што им се излезе во пресрет на барањата на граѓаните за локација на која ќе имаат можност за рекреација на нивните домашни миленици.
Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски при денешната посета на паркот изјави дека можеби изгледа мала инвестиција, но Ѓорче Петров првпат добива ваков простор.
-Ова е барање од граѓаните кое постојано доаѓаше до мене во годините од кога сум јас градоначалник – информирашеНаумоски и најави поставување на уште неколку вакви паркови на повеќе локации во Ѓорче Петров.
Паркот е на површина од 17 со ширина од 6 метри, соодветно заграден, уреден со реквизити за милениците, клупи за седење и корпи за отпадоци.