Отворен случај против Милановиќ, ја однел сопругата со државен авион на натпревар во Германија

од Milan1
59 прегледи

Комисијата за одлучување за судир на интереси отвори предмет против хрватскиот претседател Зоран Млановиќ. Истрагата е отворена бидејќи постојат сомневања дека сопругата ја однел на фудбалскиот натпревар меѓу Хрватска и Италија во Лајпциг со државен авион, соопштено е денеска во Загреб.

Доколку се утврди дека има предуслови за понатамошна постапка, Комисијата, како што објави порталот Дневник.хр, ќе побара изјава од претседателот.

Комисијата неодамна отвори предмет против претседателот на Собранието, Гордан Јандорквиќ, бидејќи го однел својот син на мечот со Шпанија. Се работи за патување со државен авион.

Јандроковиќ во изјава за новинарите рече дека не направил ништо што не го направиле другите функционери пред него и ја повика Комисијата што поскоро да одлучи дали ќе покрене постапка. Тогаш во негова одбрана излезе претседателот Милановиќ.

Слични содржини