Отворена дебата „Како до ефикасни и независни инспекциски служби“

Во рамки на Вардарскиот плански регион во организација на НВО Инфоцентарот, денес ќе се оддржи дебата насловена како „Како до ефикасни и независни инспекциски служби“, инаку ќе се оддржи онлајн и е посветена на ефикасноста и независноста на инспекциските служби на локално ниво. Истата според најавите ќе биде отворена од страна на претседателот на Советот за развој на Вардарскиот плански регион и истовремено градоначалник на општина Велес, Аце Коцевски.

На оваа дебата предвидено е да се дискутира за постојните проблеми во работата на инспекциските служби во општините, (не)функционирањето на меѓуопштинските договори за инспекциски надзор, можните начини за надминување на постојните проблеми, дали и каков модел на организација може да ја зголеми ефикасноста и независноста на инспекцискиот надзор.

Во рамките на овој настан, извршната директорка на НВО Инфоцентарот, Билјана Бејкова ќе ги презентира клучните наоди од мапирањето на состојбата со инспекцискиот надзор под ингеренции на општините, како и резултатите од истражувањето на јавното мислење за локалните инспекциски служби спроведено годинава.

Инаку ова е само дел од серијата дебати што ги организира НВО Инфоцентарот, за да го поттикне процесот на промени и законски измени во насока на подобрување на функционирањето на инспекцискиот надзор и зајакнување на партиципативната демократија на локално ниво.

Слични содржини