Отворена продавница за облека, украсена со цитати на Лукашенко

од Vladimir Zorba
193 прегледи

Во МИНСК е отворена продавница во која може да се купат маици и тренерки украсени со популарни цитати од белорускиот претседател Александар Лукашенко, како „Претседател не се станува, претседател се раѓа“.

Идејата да се стават зборовите на Лукашенко на неговата облека дојде од новинари кои претходно му подарија на претседателот Лукашенко маици со неговите цитати.

Продавницата „Први“ беше отворена во саботата во еден од најголемите трговски центри во Минск, спроти резиденцијата на белорускиот претседател.

Пред продавницата се собрале околу 50 луѓе, а првиот муштерија на подарок добил чоколадо „Претседател“.

Облеката е црно-бела и произведена во белоруски погони.

Маица чини 8 долари, а тренерка од 16 до 18 долари.

На отворањето на продавницата присуствуваа министерот за информации и помошник на претседателот, како и претставници од деловниот свет.

Најголем интерес предизвикаа маичките со натписи „Не ја давам саканата“, „Факти на маса“ и „Претседател не се станува, претседател се раѓа“.