183
Утре (четврток, 6 јули 2023 година) во Гостивар ќе се одржи Отворена средба на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) со граѓанскиот сектор и локалните институции од градот и неговата околина.
Граѓаните и активистите од граѓанските организации и претставниците на институциите во општина Гостивар и неговата околина ќе имаат можност за дискусија, како и мапирање на потенцијални системски проблеми со дискриминацијата.
Со средбата во Гостивар, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација продолжува со одржувањето отворени средби со претставници на граѓанскиот сектор и институциите во државата.