Отворени Јариње и Брњак, нормализиран сообраќајот

од Nikola Popovski
178 прегледи

Косовската полиција (КП) соопшти дека премините Јариње и Брњак се отворени за движење на граѓани и роба.

Врз основа на официјалните информации добиени од полициските власти, како и од Регионалната дирекција на Северна Митровица, отстранети се сите барикади кои се наоѓаа на патиштата во правец на двата гранични премини Јариње и Брњак, соопшти Косовската полиција.

По отстранувањето на барикадите и расчистувањето на патиштата за сообраќај, двата гранични премини сега се отворени за слободен сообраќај и движење на сите граѓани и стока, информираат од КП.

Косовската полиција со полициски единици, како што соопштија, ќе продолжи да ги извршува полициските задачи и овластувања согласно законските процедури, во служба на сите граѓани без разлика.

Потсетуваме, денеска беа отстранети барикадите од сите патишта на северот на Косово, со цел да се олесни сообраќајот, но премините Јариње и Брњак се уште беа затворени до вечерта.

Барикадите Србите ги поставија вчера пред почетокот на спроведувањето на одлуките на Приштина за регистарски таблички и лични документи. По притисокот на меѓународната заедница, Владата на Косово вечерва се согласи спроведувањето на тие мерки да се одложи за 30 дена. Косовскиот премиер Албин Курти утринава изјави дека мерките за реципроцитет ќе престанат да се применуваат штом се отстранат сите барикади.

Фото: N1