Никако да стивнат препукувањата преку медиуми на поранешниот брачен пар Милан Поповиќ и Северина, поврзани со нивниот син Александар. Откако пејачката на прес конференција за промоција на новата турнеја изнесе обвинување дека детето два часа било заклучено малтерирано во училиштето „Матија Губец“ во Загреб, и не му било дозволено на нејзиниот сегашен сопруг Игор Којиќ да го земе, наводно по налог на Милан, бизнисменот реагираше со демант.
Меѓу другото тој ја обвини пејачката дека го користи детето за да привлече внимание за поголема промоција на турнејата. Во меѓувреме беше објавена информација дека од школото десеттина пати Северина била пријавувана во Центарот за социјални работи за занемарување на детето. Оваа информација ја потврди адвокатот на пејачката, која реагираше со отворено писмо во кое истакна:
„Во медиумите сум обвинета, по наводите од директорката на ОУ „Матија Губец“ Загреб, за занемарување на своето малолетно дете.
Моето наводно “занемарување“ се состои во фактот дека сум како и сите вработени мајки во оваа држава, понекогаш спречена од објективни причини да одам сама по детето и да го земам во 15.00 часот, бидејќи морам како сите жени-мајки да работам, оти од таа работа живееме јас и моето дете, како било од секогаш во мојот живот, бидејќи од мала работам, а особено по раѓањето на детето.
Покрај работните обврски понекогаш се случува и болест, операции, итни службени патувања (на приватни секгаш го носам со себе детето и никогаш не го оставам дома), сообраќајна гужва во Загреб, поради кои причини барав од судот , а поради неможност да постигнам било каква спогодба со таткото на детето, дозвола за составување на листа од лица кои наместо родителите можат да го земат детето од школо.
Секако станува збор за доверливи и блиски луѓе кои моето дете ги сака и познава и никогаш не сум правела проблем околу лицата кои наместо татко му можат да го земат детето од школо, за разлика од него.“
Понатаму во писмото Северина појаснува дека одлуката да се зема детето повремено и од други лица кои би биле на таа листа, иако била одобрена, подоцна самовилно била изменета од директорката на училиштето, а по жалба од таткото и судски укината. Поради тоа таа морала сама секој ден да го зема детето од школо, единствено било толерирано понекогаш да го земе неговиот очув, сегашен сопруг на Северина, Игор Којиќ. Но кога Северина била во болница или работела, директорката во договор со таткото не дозволувала никој, дури ни Игор да го земе детето од школо, за што подоцна го искористила против пејачката и ја обвинила за малтретирање на детето.
Во писмото Северина уште еднаш ги опишува деталите за тоа како се одвивал настанот кога детето било заклучено во школо и држено два часа, а на крај се обраќа на јавноста дека мора сама да процени дали е во ред да ѝ се прави тоа на една вработена жена и мајка.