Ова би можело да промени сè! Наскоро излегува книга што ќе ја открие позадината на хаосот во Белата куќа

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на САД Доналд Трамп е прилично отворен човек и не се двоуми да каже сè што има на ум, што многумина го земаат за зло. Но, ако ja прашате Стефани Винстон Волкоф, поранешна советничка во Источна крило во Белата куќа и поранешна најдобра пријателка на неговата сопруга Меланија, има уште многу да се каже за Белата куќа и контроверзната двојка, пишуваат странските медиуми.

Откако Мери Трамп ја сподели своето гледиште за семејството, сега Стефани исто така сака да ги претстави своите мемоари под наслов „Меланија и Јас: Моите години како доверник, советник и пријател на првата дама“.

Според Vanity Fair, мемоарите треба да ја видат светлината на денот на 1 септември оваа година.

Според најавите на издавачот, ова ќе биде и откривачка и експлозивна книга која ќе го опише пријателството на авторката со Меланија Трамп до најмалите детали, што траеше 15 години, но исто така го опишува хаосот во Белата куќа, досега незабележан во историјата.

Нивното пријателство не заврши добро, затоа медиумите најавуваат дека оваа книга ќе биде доста негативна кон семејството Трамп.

Како член на високото општество во Њујорк, Стефани работеше, потполно бесплатно, како советничка на Меланија Трамп во Источен крило во Белата куќа до февруари 2018 година, кога одлучи да ја напушти Белата куќа поради контроверзии.

Имено, Стефани Винстон Волкоф беше главната тема на американските медиуми таа година кога се дозна дека нејзината компанија WIS Media Partners добила 26 милиони долари за работата што ја направиле за време на инаугурацијата на Доналд Трамп.

WIS Media Partners потроши 24 милиони долари на кооперанти, што значи дека два милиона „стави во џеб“.

Поради тоа и уште некои дополнителни причини, токму Меланија ѝ го врачила отказот и тоа преку меил, во кој пишуваше: „Жалам што нашите професионални патишта, како и приватните дружби, сега мора да бидат прекинати, но ме теши фактот дека нашето пријателство ја надминува политиката. Благодарам уште еднаш. Многу љубов!“

После тој хаос, Стефани за Њујорк Тајмс изјави дека тие едноставно ја „фрлиле под автобус“.

Поради сето ова, сите сега се прашуваат што сè ќе спомене за својата поранешна пријателка и нејзиниот сопруг.

Слични содржини