Ова е Алекса кој ги уби дедото, бабата и таткото, соседите открија детали од хоророт во семејната куќа

од Milan1
2,2K прегледи

Алекса Милојевиќ (22) попладнево во семејната куќа во Књажевац, Србија, ги уби дедото Миќo Милојевиќ (81), бабата Сара (83) и таткото Предраг со ловечка пушка во сопственост на неговиот дедо.

По масакрот Алекса излегол од куќата и кога наишол на соседите им рекол „Јас ги убив“. Соседката Ирена Живадиновиќ го прашала „како ги уби?“, на што Милојевиќ одговорил „Така, со пушка“.

Како што дознаваме од познаниците на Милојевиќ, тие биле „нормално семејство, вредни, трудољубиви и богати“.

Алекса бил уапсен и ја признал вината, велејќи и на полицијата дека повеќе не може да се грижи за нив.

– Веднаш бил уапсен и го признал делото. На полицијата и рекол дека повеќе не може да се грижи за нив, изјави министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

.

Слични содржини