Ова е човекот кој што ќе знае за се и за секого во Европа! Германец стана првиот шеф на разузнавањето на НАТО

од desk3
81 прегледи

НАТО ја создаде должноста началник на разузнавањето и првиот на оваа позиција е поранешниот заменик-шеф на разузнавањето на Германија, соопшти “Волстрит џурнал”. Под негова контрола паѓа како военото и така цивилното разузнавање.

Меѓу обврските на помошник генералниот секретар на Алијансата е да го следи зголемувањето на воената моќ на Русија и за инфилтрирањето на Русите во НАТО, додава весникот.

zx450y250_2849311

Подобрување на размената на информации и координација на антитерористичките активности се други од обврските.

Според “Дојче Веле” тоа значи работа со податоци за стратегијата и операциите на “Исламска држава” и слични структури, а не тактички детали како тоа, кој конкретно се обидува да се протне во Европа.

На функцијата е назначен Арнд Фрајхер-Фрејтаг фон Лорингхофен, иако извори на весникот тврдат дека САД би сакале да ја добијат функцијата. Но Американци се како заменикот на Јенс Столтенберг, така и други високи функционери.

Дискутирањето на идеи за началник на разузнавањето во НАТО започна, откако Русија го анектира Крим во 2014 година, и повеќе јасност се појави во јуни оваа година.

Фон Лорингхофен е 59-годишен долгогодишен претставник на Министерството за надворешни работи на Германија, работел во амбасадите во Париз, Москва и Прага. Во 2007 година тој станува заменик-претседател на тајната служба BND, а во 2010 година ја презема стратешката координација и проблемите во ЕУ. Од септември 2014 година е амбасадор на Германија во Чешка и ќе ја напушти функцијата на крајот на годината.