„Ова е ДЕА, повлечете се“: ВИДЕО од атентатот врз претседателот на Хаити

од Nikola Popovski

Претседателот на Хаити, Жовенел Моис, бил убиен, пренесува Дојче веле. Сопругата на Моиз, Мартин Моиз, беше повредена и хоспитализирана, а напаѓачите не беа идентификувани. На социјалните мрежи кружат снимки од нападот врз резиденцијата на претседателот.

Премиерот на Хаити, Клод Џозеф изјави дека резиденцијата на претседателот била нападната од вооружена група луѓе околу еден часот по полноќ по локално време.

Се тврди дека станува збор за агенти на Агенцијата за борба против дрога (ДЕА) за време на рацијата во неговиот дом. Медиумите пишуваат дека станува збор за група странци кои зборуваат англиски и шпански.

На социјалните мрежи се појавија снимки од споменатата вооружена група. Целата сцена пред резиденцијата на претседателот ја снимил сведок.

На видеото се гледа како некој вика со американски акцент: „Операција на ДЕА. Сите повлечете се. Операција на ДЕА. Сите назад, повлечете се“.

-Напаѓачите се преправаа дека се од ДЕА и тие беа платеници, изјави за Мајами Херолд владин извор.

Жителите од областа тврдат дека виделе луѓе облечени во црно како минуваат низ населбата.

Натамошните снимки од местото на настанот покажуваат вооружени мажи со пушки кои пристигнуваат пред резиденцијата на претседателот. Не е јасно дали станува збор за убијците или безбедносните сили на земјата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ALPHASROUGE💯 INFO (@alphasrouge)

Слични содржини